Centar.mk
РЕГИОН

НОВИ СТУДЕНТСКИ КОЛОНИ ТРГНАА КОН БЕЛГРАД – Пеш од Шабац и Ваљево на големиот собир

Студентите во Србија продолжуваат со подготовките за завршниот предизборен собир на плоштадот Славија во Белград, закажан за 22 октомври. Утрово се организираат нови пешачки колони од Шабац и Ваљево, кои треба да им се приклучат на студентите што веќе тргнале од Горњи Милановац и Заечар.

Според организаторите, студентите од Шабац планираат во текот на денот да стигнат до селото Бањани, каде што е предвиден пречек од локалните жители. Најавена е и колона од Нови Сад, која треба да тргне на 20 октомври. Пешачките маршеви се дел од пошироката мобилизација пред парламентарните избори во Србија.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ГО ЗАКАЖА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА ПАРЛАМЕНТОТ – Седницата ќе се одржи на 17 ноември

ДЕСК

ХРВАТСКА ИЗГУБИЛА РЕЧИСИ 64.000 УЧЕНИЦИ – Демографскиот пад најсилно ја погоди Славонија

ДЕСК

(Видео) Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

ДЕСК