Centar.mk
АРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА / PHOTO CENTAR.MK (C) COPYRIGHT 2026
-МАКЕДОНИЈА

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Четворица приведени, меѓу нив и 17-годишен малолетник

На 19.10.2026 во 00:45 часот на ул.„Димо Наредникот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода 21-годишник, 23-годишник, уште еден 21-годишник и 17-годишен малолетник, сите од Прилеп, бидејќи при преглед кај нив, кај еден од 21-годишниците била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.