Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МИЦКОСКИ ВО ЧЕШИНОВО–ОБЛЕШЕВО – ќе биде пуштена во употреба улица во Чифлик

Премиерот Христијан Мицкоски у ќе присуствува на пуштањето во употреба на улицата „Прохор Пчински“ во населеното место Чифлик, Општина Чешиново–Облешево. Настанот е закажан за 11 часот.

Според најавата на Владата, по отворањето е предвидена и изјава на премиерот за медиумите. Станува збор за локален инфраструктурен проект, а повеќе детали за неговата вредност и обем не се наведени во вечерната најава.