На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР Скопје едно лице пријави дека околу 09:30 часот во близина на маркет во с.Сарај, додека бил со патничко возило „туран“, кон него било пукано од огнено оружје од страна на едно лице.
Веднаш по пријавата на местото на настанот пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, при што биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција. Од оштетениот прозорец од возилото пријавителот се здобил со повреда на раката.
Известена е екипа на Итната медицинска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.


