Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА: 80-годишник управувал со „хундаи“, сопатникот тешко повреден

На 17.10.2026 во 10:40 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 80-годишник од Струмица, и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 34-годишник од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 44-годишниот сопатник во патничкото возило „хундаи“, исто така од Струмица.

Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК