Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ КУМАНОВО: 18-годишна девојка тешко повредена по излетување на „ауди“ од патот

Тешка сообраќајна несреќа се случила на 17 октомври 2026 година на регионалниот пат Куманово – Липково, во селото Опае, Општина Липково, во која тешки телесни повреди добила 18-годишна девојка од селото Слупчане.

Како што информира полицијата, околу 15:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишна девојка од Слупчане, излетало од патот и удрило во метална конструкција.

Во несреќата тешки телесни повреди добила нејзината 18-годишна сопатничка, исто така од Слупчане. Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК