На 17.10.2026 во СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот. Во верски објект „Фирдеус“ на ул. „Ван Вардарска“, во периодот од 16.10.2026 и 17.10.2026 непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото.
Во „Големата џамија“ на ул. „Горна Чаршија“, околу 05:30 часот, едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило. Во „Ески“ џамијата на ул. „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците. По преземени оперативни мерки од страна полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од с.Јеловјане, поради основано сомнение за сторено кривични дела ,,Тешка крашба“ и „Тешка кражба во обид“ казниво по член 235 од КЗ.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


