Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА ВО КАЗИНО: Гостин пријавил напад од вработен, а вработениот завршил со тешки повреди

На 18.10.2026 во 03:30 часот во ОВР Гостивар, 40-годишник од Гостивар пријавил дека околу 02:00 часот во казино на ул. „ЈНА“ бил физички нападнат од 53-годишен вработен.

Според пријавеното, по вербална расправа вработениот го извадил надвор, а потоа физички го нападнал, додека претходно, истиот ден во 01:30 часот, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил примен 53-годишник од Гостивар, вработен во истото казино.

Поради сериозноста на повредите, во 03:00 часот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СО „ПАСАТ“ НА ТАБАНОВЦЕ, НО СО ФАЛСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата лиши од слобода 25-годишен скопјанец

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ВО СКОПЈЕ – 48-годишен маж паднал на велосипедска патека и завршил во болница

ДЕСК

ПОВТОРНО БЕЗ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА – Историската комисија не постигна напредок

ДЕСК