Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПРЕТРЕСЕИ ВО ВЕЛЕС: Пронајдена дрога и пари, има уапсени

На 16.10.2026 во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Маж(53) од Велес.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и телефон.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.