Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КОКАИН И ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕНИ ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА: 57-годишник уапсен по полициски претрес

На 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речица кај 57-годишно лице, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата, во навлака од перница, пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишено од слобода и задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК