Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦАЕЦ ОД ДРАЧЕВО ВО ПРОБЛЕМ: Возел без положен испит и со неважечка сообраќајна

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО поднесе кривична пријава против полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Пријавениот, полициски службеник во Полициската станица Драчево при СВР Скопје, надвор од работно време, на 01.10.2026 управувал патничко моторно возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола и без положен возачки испит. Како учесник во јавниот сообраќај не се придржувал до прописите за безбедноста во сообраќајот и со тоа управувал моторно возило на безобѕирен начин.

Одделот за внатрешна контрола против него поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.