Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДВАЈЦА 14-ГОДИШНИЦИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО МУРТИНО: Мотоцикл без таблички се судрил со трактор

На 16.10.2026 во 12:30 часот во село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 57-годишник од село Муртино, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од село Банско, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач на мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник, исто така од село Банско.

Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.