Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

152 ПАЦИЕНТИ ЗА ЕДНА НОЌ – полни дежурните амбуланти во Скопје

Во шесте дежурни пункта на Здравствениот дом Скопје изминатата ноќ биле прегледани 152 пациенти. Голем дел од помладите имале симптоми слични на грип или ковид.

Кај повозрасните почесто бил регистриран висок крвен притисок. Лекарите предупредуваат дека дел од клиничките слики веќе наликуваат на сезонски грип, иако за потврда се потребни лабораториски резултати.