Centar.mk
СВЕТ

ЗЕЛЕНСКИ ДЕНЕСКА ВО БРИСЕЛ: Европа повторно расправа за замрзнатите руски милијарди

Володимир Зеленски се приклучува на лидерите на ЕУ во Брисел со барање за дополнителна воена и финансиска помош, посилна противвоздушна одбрана и заштита на енергетската инфраструктура.

Повторно е отворена и темата за користење на околу 210 милијарди евра замрзнати руски државни средства. Германија се спротивставува тие да бидат ставени под американска контрола, додека Белгија и понатаму предупредува на правни и финансиски ризици.