Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА – 16 ОКТОМВРИ 2026: Студено утро, облаци и локален дожд, температура до 19 степени

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утрото ќе биде студено, а според прогнозната карта минималните температури ќе се движат од -1°C до 10°C. Најниска температура од околу -1°C се очекува во делови од источна Македонија.

Во текот на денот температурите ќе се движат приближно од 9°C до 19°C. Најсвежо ќе биде во западните и дел од северните подрачја, додека најтопло се очекува во југоисточниот дел од земјава.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК