Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Границата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен.

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група.

Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата.

„Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој.

Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара.

5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема.

Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава.

Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил.

Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши.