Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување и модернизација на локалната патна мрежа, со цел создавање побезбедни и поквалитетни услови за одвивање на сообраќајот. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започната е реконструкција на улица „11“ во населба Илинден.
Со планираните градежни активности е предвидено проширување на постоечкиот коловоз, како и целосно асфалтирање со нов асфалтен слој, во должина од околу 110 метри. Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се подобрат условите за сообраќај, ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе се овозможи полесен пристап за жителите на овој дел од населеното место.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции во изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.
фото Општина Илинден


