Речиси 25.000 граѓани веќе се пријавиле за вакцинација против сезонски грип преку електронскиот систем. Почетокот на вакцинацијата се очекува меѓу 16 и 25 октомври.
Првично се обезбедени 30.000 дози, дополнителни 26.000 треба да пристигнат до 15 ноември, а се водат разговори и за уште 24.000 вакцини.


