Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Ферати и Доминика Кроис разговараа за реформите и безбедносната состојба во земјата

Министерот Агон Ферати оствари средба со Доминика Кроис, шефица на Канцеларијата на Организацијата на Обединетите нации во Белград, на која се разговараше за актуелните случувања во Северна Македонија, интегративните процеси и значењето на меѓународната соработка во насока на унапредување на евроатлантската агенда на земјата.

За време на средбата беше истакната посветеноста на зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и промовирањето на заедничките европски вредности, како важни столбови за стабилноста и одржливиот развој на земјата.

Министерот ја истакна важноста на соработката со Организацијата на Обединетите нации и меѓународните партнери во поддршка на реформите и напредокот на Северна Македонија кон евроатлантската интеграција. Во таа насока, беше реафирмирана потребата од континуиран дијалог, институционално партнерство и заедничка координација во справувањето со регионалните предизвици, зајакнувањето на мирот и безбедноста, како и во градењето поодржлива, поинклузивна и попросперитетна иднина за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК