Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

КРВАВА ПРЕСМЕТКА, НАСТРАДА И МАЛОЛЕТНИК: По расправија следувала тепачка, двајца тешко повредени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници и 20-годишник, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 29.04.2026 во Тетово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавените, при што со остар предмет биле нанесени тешки телесни повреди на 20-годишникот и на еден малолетник.