СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и 39-годишник од Тетово, сопственик и управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во периодот од 11.06.2026 до 02.07.2026, пријавениот ангажирал четири лица од Јажинце за работа во неговата фирма.
По завршување на месецот, ниту им ги исплатил заработените парични средства, ниту пак ги пријавил во Агенцијата за вработување.


