На 12.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 09:00 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица-Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 59-годишник од Чашка, удрило во заштитната ограда и се превртело на коловозот.
По несреќата, возачот е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.


