Centar.mk
фото: ОПШТИНА КАРПОШ
ЛОКАЛНО

Општина Карпош: Намалени ризици од катастрофи – побезбедна средина за сите

По повод Светскиот ден за намалување на ризикот од катастрофи, а во рамки на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ се одржа едукативна презентација посветена на значењето на превенцијата, подготвеноста и навременото постапување при ризици од катастрофи.

На настанот присуствуваа околу 150 учесници од основни и средни училишта, како и студенти, кои имаа можност да се запознаат со основните принципи на превенција и намалување на ризиците, како и со значењето на личната и колективната одговорност во ситуации на потенцијална опасност. Преку ваквите едукативни активности се поттикнува развојот на култура на превенција, особено кај младите, со цел тие да стекнат знаења и вештини кои можат да бидат од особено значење во услови на вонредни ситуации.

Општина Карпош, преку Одделението за заштита и спасување, континуирано реализира вежби, обуки, едукативни предавања и други превентивни активности насочени кон унапредување на подготвеноста за справување со различни ризици. Информирана, подготвена и одговорна заедница е најважниот чекор кон намалување на ризиците и заштита на човечките животи.

фото: ОПШТИНА КАРПОШ

Можеби ќе ве интересира

Со уште три образовни институции продолжува реализацијата на проектот „Сончеви училишта“

ДЕСК

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ДЕСК

Од паркинг до урбана грижа – што сè прави ЈП „Паркинзи“за подобар Центар

ДЕСК