Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денес оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Република Македонија Н.Е. Ирена Гетцова.
„Во срдечен разговор ја запознав со историјата на градот, нејзината култура, традиција, економските потенцијал и туризмот.
Разговаравме за продлабочување и интензивирање на соработката и на економски и на културен план.
Чешка како земја членка на ЕУ ја поддржува Македонија на нејзината интеграцијата во европското семејство.
Една од темите на разговор беше и можноста за збратимување на Битола со град од Чешка“, објави градоначалникот Коњановски.
Ова беше прилика во знак на големото пријателство меѓу двата народи и за пригоден подарок.
фото Општина Битола


