Centar.mk
ЛОКАЛНО

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

Одржана завршната работилница за изработка на Стратешки план за развој на Општина Илинден 2027–2031 година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родители

ДЕСК

ДЕНЕСКА ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО БИТОЛА – Посебни мерки поради странските делегации

ДЕСК