Полицијата го идентификувала 37-годишниот скопјанец кој бил снимен како управува мотоцикл на едно тркало на булеварот „Партизански одреди“. Случајот бил обработен во соработка со системот „Безбеден град“, откако снимката се појавила на интернет.
При проверката било утврдено дека лицето немало соодветна возачка дозвола. МВР најави кривична постапка за однесувањето со кое, според полицијата, биле загрозени останатите учесници во сообраќајот.


