Centar.mk
БИЗНИС

НАФТАТА СЕ ЛИЗНА КОН 103 ДОЛАРИ: Пазарот реагира на најавите за руски дизел

Цената на нафтата утрово се движеше надолу кон 103 долари за барел откако пазарот доби сигнал дека дополнителни количества руски дизел би можеле повторно да се појават на светскиот пазар. Тоа привремено ги намали стравувањата од недостиг на гориво.

Сепак, ризикот не е исчезнат: Ормускиот Теснец и нападите во поширокиот регион остануваат фактор што може брзо повторно да ја крене цената. Пазарите истовремено се внимателни и кон нејасниот статус на најавеното руско-украинско „енергетско примирје“.