Односите меѓу американскиот и украинскиот претседател дополнително се влошија откако Доналд Трамп порача дека Украина има потреба од „нов лидер“. Изјавата следува по американскиот договор со Москва поврзан со рускиот дизел, кој Киев остро го критикува.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха застана во одбрана на Володимир Зеленски и нагласи дека украинскиот претседател има демократски легитимитет и поддршка од граѓаните.


