Бројот на загинати во ракетниот напад врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад се искачи на 12, додека повеќе од 300 лица се повредени. Одговорност презедоа Хутите од Јемен, а воздушниот сообраќај беше сериозно нарушен.
Саудиските власти најавуваат одговор, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон разгледува дали да се вклучи во саудиските воени операции против Хутите.


