Centar.mk
СВЕТ

ЛОНДОН НЕ ГО МЕНУВА КУРСОТ КОН УКРАИНА: Британија најави продолжување на воената помош и санкцискиот притисок

Британската влада соопшти дека и по новиот американско-руски договор ќе продолжи да ѝ обезбедува воена и финансиска поддршка на Украина. Лондон истовремено најавува дека санкциите против Русија ќе останат важен дел од неговата политика.

Британската позиција е дека треба да продолжат американските дипломатски напори за траен мировен договор, но дека паралелно Украина мора да остане способна да се брани. Владата најави и продолжување на координацијата со САД, Киев и европските партнери.