Франција се соочува со незгодна комбинација од силни социјални барања за поголема јавна потрошувачка и сè поголема загриженост на финансиските пазари за состојбата со јавните финансии. Јавниот долг е околу 115,6 проценти од БДП, а буџетскиот дефицит изнесува 5,1 проценти.
Паралелно продолжуваат протестите и политичките несогласувања околу економските реформи. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека инвеститорите бараат поголема премија за ризик, што дополнително го ограничува просторот на владата за нови расходи.
Бонус видео:


