Centar.mk
БИЗНИС

НЕМА НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Јавниот долг останува во планираните рамки

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека задолжувањето до крајот на 2026 година ќе се движи во рамките предвидени со Буџетот и ребалансот.

Според неа, до крајот на годинава не се планира издавање нова еврообврзница.

За следната година се разгледуваат различни финансиски инструменти, меѓу другото и поради обврските што доспеваат во 2027 година. Министерката посочи дека намалувањето на дел од капиталните расходи се однесува на проекти што доцнат со реализацијата.