Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека институциите работат на обезбедување стабилно снабдување и избегнување нагли ценовни удари врз домаќинствата. Во моментов, според неа, акумулациите се на околу 40 проценти.
Регулаторната комисија анализира и дали во иднина постои простор за проширување на периодот во кој граѓаните користат евтина тарифа, особено поради зголеменото производство од фотоволтаични централи.


