Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со Бугарија за деблокирање на македонскиот европски пат ќе продолжат, иако досегашните контакти не донеле суштински пробив. Тој очекува во одредена фаза позициите на двете страни да почнат да се приближуваат.
Бугарската страна, пак, останува на ставот дека треба да се исполнат обврските од европскиот компромис од 2022 година, меѓу кои и уставните измени. Засега нема потврда дали ќе има нова средба пред декемвриските состаноци на ЕУ.


