Centar.mk
СВЕТ

ПОСЛЕДЕН ТЕСТ НА БРЗАТА ПРУГА – се чека датум за Белград–Будимпешта

На унгарскиот дел од брзата железница меѓу Србија и Унгарија успешно е завршено последното тестирање со товар на делницата Келебија–Будимпешта.

Српските власти сега очекуваат одговор од Будимпешта за точниот датум кога ќе може да започне редовниот железнички сообраќај Белград–Будимпешта. Паралелно се вршат тестирања и на дел од железничката инфраструктура кон белградскиот аеродром и Националниот стадион. РТС