Centar.mk
СВЕТ

ФРАНЦИЈА ЈА СУСПЕНДИРА УПОТРЕБАТА НА ШОК-БОМБИ – ученик тешко повреден на протест

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез нареди привремено запирање на полициската употреба на одреден тип шок-гранати, додека се расчистува случајот во Ленс во кој тинејџер претрпел тешка повреда на раката за време на ученичките протести.

Протестите и блокадите продолжија и денеска. Според француското МВР, повеќе од 500 училишта биле целосно или делумно затворени, а десетици илјади ученици биле погодени од прекинот на наставата.