Пожар избувнал во магацин со опасни материјали во Бараево, во поширокото подрачје на Белград. Огнот подоцна бил локализиран, а поради ризикот биле евакуирани 17 жители.
Надлежните извршиле мерења на квалитетот на воздухот и најавиле дополнителни анализи пред евакуираните лица да се вратат во домовите. Жителите претходно биле повикани да ги затворат прозорците и да не престојуваат непотребно на отворено. РТС


