Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД 0 ДО 28 СТЕПЕНИ: Сонце на исток, облаци и дожд на запад

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени. Најсвежо ќе биде во источните делови, каде минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека на запад и југозапад утрото ќе биде поблаго, со температури до 8 степени.
Во текот на денот максималните температури ќе се движат од 19 до 28 степени. Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните подрачја, каде се очекуваат до 28 степени. Во централните делови температурите ќе достигнат околу 27 степени, а на североисток околу 24 степени.
На запад ќе биде посвежо, со максимални температури од околу 19 до 22 степени, а според прогнозната карта токму таму ќе има и најмногу облачност и локален дожд.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК