Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 25 милиони евра од буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку Владата им помага на општините за развој и инфраструктура за овие повеќе од две години, изјави:

„Па, ние очекуваме, мислам дека во Скопје беше 16, а во Македонија 37. Значи, 16 се во фаза на изработка во Скопје, а 37 се на целата територија на земјата. И со тоа, како што кажав, резултатот очекувам на крајот да биде да нема повеќе листи на чекање за дечињата.“

Во однос на проектите за кои аплицираа општините и колку се реализирани досега, претседателот Мицкоски додаде:

„Па, некаде околу милијарда и пол, ако не се лажам, милијарда и петстотини милиони – тоа се околу 25 милиони евра, средства наменети, односно децентрализирани од буџетот кон општините за изградба, проширување, реконструкција, пренамена и така натаму на градинки.“

Можеби ќе ве интересира

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК