Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА МЕДИЈАЦИЈА ПРЕД УСТАВЕН СУД – спорни постапките до еден милион денари

Уставниот суд денеска разгледува осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за одлучување. Меѓу нив е и членот од Законот за парничната постапка кој предвидува задолжителна медијација пред судска постапка во одредени спорови меѓу правни лица.

Оспореното решение се однесува на спорови со вредност до еден милион денари. Подносителот смета дека задолжителната медијација може да претставува непропорционална пречка за пристап до судска заштита.