На 06.10.2026 во 18:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на шумски пат во село Горна Ѓоновица починал маж(62) од село Железна Река. Според изјавата на лицето со кое се движел, на мажот му се слошило и паднал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.


