Centar.mk
БИЗНИС

Нафтата 101 долар за барел, политичките ризици во Европа предизвикаа пад на еврото

Европските акции денес се претежно во позитива, додека инвеститорите се загрижени за политичките ризици во Шпанија и Франција, кои ја намалија вредноста на еврото во однос на доларот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез би можел да распише парламентарни избори уште денес, додека Франција се бори со висок јавен долг и политичка неизвесност пред претседателските избори напролет 2027 година, објавува CNN.

Според податоците во 9:30 часот наутро, цената на „Брент“ нафтата падна за 0,74 проценти на 101.542 долари за барел, а цената на VTI нафтата за 1,29 проценти на 89.918 долари.

Европските фјучерси за гас за ноември беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 76.345 евра за мегават-час, или околу 798 евра за 1.000 кубни метри гас.

Германскиот берзански индекс DAX порасна за 0,11 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,57 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,97 проценти, московскиот IMOEX за 0,87 проценти, додека францускиот CAC 40 падна за 0,44 проценти.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,11922 долари, пренесува Танјуг./Извор:Makfax