Centar.mk
СВЕТ

Комунисти блиски до Путин организираа митинг; се слушаа извици „Долу царот“: 60 уапсени

Руската полиција вчера во Москва уапси околу 60 лица на собир организиран од Комунистичката партија на Русија – партија блиска до Кремљ – соопшти самата партија.

Од Комунистичката партија изјавија дека приведувањата се случиле кон крајот на собирот и дека нејзиниот московски огранок работи на обезбедување ослободување на приведените, од кои повеќето биле млади луѓе.

Собирот се одржа по повод годишнината од задушувањето на парламентарниот бунт во Русија во 1993 година.

Каналот на „Телеграм“, „Осторожно, новости“, објави дека демонстрантите извикувале пароли како „Слобода за политичките затвореници“, „За фер избори“ и „Долу царот!“.

Собирот се одржа во услови на растечко незадоволство во Русија поради сè поинтензивните напади со украински беспилотни летала длабоко во руската територија. Овие напади погодија рафинерии за нафта и складишта, предизвикаа недостиг на гориво и го попречија секојдневниот живот, вклучително и во Москва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК