На 04.10.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Гургурница – с.Стенче, тетовско, патничко возило „лада нива“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишник од с.Долно Седларце, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот 21-годишен сопатник од с.Долно Седларце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.


