Centar.mk
СВЕТ

Американската војска уби четворица луѓе во напад врз брод на Карибите

Американската војска синоќа потврди дека четири лица загинале во напад врз пловен објект во Карипското Море. Ова е најновиот во низата напади што Вашингтон ги оправдува како борба против „нарко-терористите“, додека експертите за човекови права ги осудуваат како вонсудски убиства.

Досега, повеќе од 220 лица се убиени во американски напади врз вакви пловни објекти на Карибите и во Источниот Пацифик. Експертите за човекови права и активистите во САД и ширум светот ја доведуваат во прашање законитоста на овие операции.

Соопштение на американската војска
Американската јужна команда објави на платформата „Икс“ дека извршила „смртоносен, кинетички напад врз глисер што се движел по воспоставени рути за шверц на дрога на Карибите“. Во објавата се наведува „потврдено разузнавачко сознание“ како доказ дека пловниот објект бил активно вклучен во шверцот со дрога, но не беа понудени дополнителни детали./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК