Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Бисера Костадиновска Стојчевска во набљудувачката мисија на изборите во БиХ

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, како дел од делегацијата на Парламентарното Собрание на Совет на Европа (ПССЕ), учествуваше во набљудувачката мисија на изборите во Босна и Херцеговина.

Овие избори за Босна и Херцеговина беа важни затоа што за првпат се воведоа дигитални алатки за гласање како скенери и апарати за отисоци.

На изборите се гласаше за тројцата членови на Претседателството на БиХ – Бошњак, Србин и Хрват; Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ; Претставничкиот дом на Федерацијата БиХ; Претседател и потпретседатели на Република Српска; Народното собрание на Република Српска; кантоналните собранија во Федерацијата БиХ. Се избираше цела политичка структура на државно и ентитетско ниво.

Изборите поминаа со почитување на демократските принципи со сите предизвици на новата технологија која им помогна на граѓаните на БиХ да ја изразат својата волја.