Од 7 часот утрово во Босна и Херцеговина е во сила изборен молк пред утрешните општи избори. Тој ќе трае до затворањето на избирачките места во недела во 19 часот.
На изборите се бираат членови на Претседателството на БиХ, државниот и федералниот парламент, претседателот и потпретседателите на Република Српска, Народното собрание на РС и кантоналните собранија. Централната изборна комисија наведува дека се избираат 518 носители на мандати меѓу 7.028 заверени кандидати.


