Министрите за култура на Македонија, Грција и Албанија на 9 октомври ќе се сретнат во грчката општина Преспа за да разговараат за иницијативата Преспанското Езеро да биде ставено на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Европската Унија дала политичка поддршка за иницијативата и, според објавените информации, ќе ги финансира првите релевантни студии. Идејата не е нова – грчката страна официјално поднела барање уште во јануари 2014 година, но сега проектот добива тристран регионален карактер.


