Бројот на работниците во индустријата во август бил за три проценти помал отколку во истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Најголем пад има во рударството и вадењето камен – осум проценти, додека во преработувачката индустрија бројот на работници е намален за 2,8 проценти. Единствен раст од 0,7 проценти е забележан во снабдувањето со електрична енергија, гас и пареа. Во периодот јануари–август вкупниот пад изнесува 2,8 проценти.


