Centar.mk
фото илустрација / аи
МАКЕДОНИЈА

НОВ ПРИТВОР ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА „ПУЛС“: Отворена посебна истрага за наводен поткуп за лиценца

Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, останува во притвор по отворањето нова истрага. Обвинителството го сомничи за давање поткуп на службено лице во тогашното Министерство за економија за да добие лиценца за угостителска дејност.

Според Обвинителството, лиценцата била обезбедена иако не било поднесено соодветно барање и постоеле сознанија дека објектот не ги исполнува законските услови. Одбраната ги оспорува наводите и тврди дека новата постапка е неоснована.